Македонската репрезентација ги прави последните подготовки пред утрешниот дуел против Малта, а според квотите во Sport Life, нашата селекција е фаворит за триумф.
Ова ќе биде шести меч меѓу Македонија и Малта, а традицијата е на наша страна. Македонија досега има четири победи и само еден нерешен резултат со овој ривал. Освен 80 отсто реализација на триумфи, кога играат овие селекции, со ист процент е веројатноста дека на крајот ќе има барем три погодоци.
Од петте средби кои се одиграни, на четири имало барем три погодоци, а еднаш било со два гола. Ако се верува на оваа традиција, Македонија треба да победи во меч на кој ќе има барем три погодоци. Оваа комбинација во Sport Life носи одлични квоти, па за 2&3+ коефициентот е 3.05.
ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА И МАЛТА
23 март 2023 Македонија – Малта 2:1
11 август 2010 Малта – Македонија 1:1
21 август 2002 Македонија – Малта 5:0
18 ноември 1998 Малта – Македонија 1:2
6 септември 1998 Македонија – Малта 4:0