Квотата ПСЖ да игра во финале е огромна

Од денес до четврток ќе се знаат четирите екипи кои ќе играат во финалињата од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Возбудувањата стартуваат вечерва со дуелот во Манчестер меѓу Сити и Пари Сен Жермен. Англискиот тим има одлична залиха од 2:1 стекната по првиот меч одигран на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Граѓаните сега на свој терен не смее да си дозволат пораз во кој би примиле два или повеќе голови за да го постигнат најголемиот клупски успех, а тоа е пласман во финалето во ЛШ. Коефициент 1.15 е дека Сити ќе игра во финалето, што значи дека се големи фаворити.

ПСЖ лани играше во финалето од ЛШ и загуби од Баерн Минхен, а сезонава очекуваа да одат чекор напред, односно да бидат на тронот на Европа. За да се случи тоа, прво вечерва треба да направат мало чудо против Манчестер и да го победат на гости. Коефициентот за пласман на ПСЖ во финалето е дури ШЕСТ!

Многу понеизвесно е за утрешниот меч меѓу Челзи и Реал Мадрид. И тука англискиот тим ја има улогата на фаворит, додека за Реал Мадрид да игра во финалето се вреднува со коефициент 2.25!

 

- Оглас -

Најнови вести