Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва од 18.45 часот му гостуваат на ПИК Сегед во рамките на седмото коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион досега ги загуби сите шест меча во ЛШ, а сметката за слабите резултати ја плати тренерскиот тандем Александар Јовиќ и Звонко Шундовски и сега екипата ја води Бранимир Ангеловски.
Битолчани се свесни дека ги очекува тешко гостување во Унгарија, но сметаат дека е време за позитивен резултат.
„Одработивме добро и подготвени сме за двомечот со ПИК Сегед. Знаеме дека гостуваме на тежок терен и пред жешка атмосфера. Кај ПИК Сегед не се сменија многу работи со заминувањето на Пастор. Не треба да нè залажува поразот од Веспрем, напротив, тоа треба да ни биде порака дека ќе играме со „ранет лав“. Бомбач е „моторот“ на тимот, словенечката линија и Степанчиќ се моќно оружје, но тука се и унгарските ракометари, како и Калараш. Знаеме дека може да играат „седум на шест“, можат да се трансформираат во одбрана од 6-0, во 5-1, но ќе бидеме подготвени за сите нивни решенија Ги знаеме нивните силни страни и ќе се обидеме да ја затвориме нивната транзиција и играта преку кружниот напаѓач. Не смееме да се предаваме, и против Кјелце имавме слабо отворање, па се вративме“, изјави тренерот Ангеловски.
Квотите го фаворизираат унгарскиот тим (1.06), а фантастична е квотата за победата на македонскиот шампион и изнесува 13.00.
Во Sport Life освен стандардната понуда за мечот, има и одличен додаток за тоа колку голови ќе постигнат одредени ракометари. Границата на Урош Борзаш и Жарко Пешевски е 2,5 погодоци, додека таа на Богдан Радивојевиќ изнесува 4,5 гола.