Квотата за икс е супер, ама традицијата вели заборавете на тоа, победник во Минхен ќе има

Кога играле меѓу себе Баерн Минхен и ПСЖ, а играле еден против друг деветпати, досега никогаш не било нерешено. Петпати се радувале Французите, четирипати Германците. Ова најавува дека вечерва на „Алијанц арената“ во Минхен ќе има барем еден гол и ќе има победник. Доколку сте од тие што бркаат прекин на традиции, квотата за икс во Sport Life е одлична.

Лани овие екипи во Лисабон играа во финалето на Лигата на шампионите, Баерн победи со 1-0, и тоа е единствениот од последните 43 натпревари на париските Светци во ЛШ на кој тие не постигнаа гол. На Нејмар и Мбапе, во нападот Икарди, нема да им помогне, но хендикепот на Баерн во напаѓачката линија е суров, ќе ги нема Левандовски и Гнабри.

Нејмар треба да биде внимателен бидејќи ако добие жолт картон, нема да игра на реваншот. Баерн со Ханси Флик на клупата, во ЛШ нема пораз, на 16 меча, 15 му се победи а едно реми.

- Оглас -

Најнови вести