Македонската одбојкарска репрезентација од 18 часот во „Борис Трајковски“ ги почнува натпреварите од квалификацискиот турнир за Европското првенство кое ќе се игра годинава. Прв противник е Босна и Херцеговина, репрезентација против којашто планираме две победи, како отскочна штица кон реализација на главната цел. Во групата е и фаворитот Турција, со која играме в среда и в сабота.
Вратата на континенталното друштво може да ја отвори и второто место, но потребни се две победи против Босна и Херцеговина, која досега нема настап на европските шампоионати, а во конечниот биланс може да решаваат и бодовите и сет-количникот, па потребно е максимално издание на секој натпревар и борба за секој поен.
Нема да има публика, но ќе има телевизиски преноси на МТВ 1 и на МТВ 3.
„Според првичниот список, БиХ изгледа навистина добро, но голем дел од играчите нема да одговорат на повикот на селекторот. Мислам дека сме поквалитетни од нив. Треба да играме максимално затоа што знаеме дека најтешко се добиваат однапред добиените натпревари. Имаме искуство, знаење и квалитет за да пристапиме вистински, да оствариме две победи над босанската репрезентација и потоа да се бориме со Турција за првото место во групата“, вели капитенот Никола Ѓорѓиев.
И селекторот Никола Матијашевиќ е оптимист дека Спартанците ќе играат на ЕП.
„Се разбира дека сите сакаме да бидеме први, односно да ја победиме Турција еднаш, ако може и двапати. Тие на некој начин ни се должни од Љубљана. Според мене, главна и основна задача е да се квалификуваме, дали како први или како втори, не е толку важно. Би било идеално да сме први и на 16-ти вечерта, по натпреварот со Турција, да знаеме дека сме квалификувани за да можеме да планираме, да се организираме, а не да чекаме“, посакува Матијашевиќ.
Според квотите во Sport Life, Македонија е голем фаворит, квотата за наша победа е 1.01. Но, може да типувате и на други игри кои имаат поголеми коефициенти. Тука се игрите прв сет, вкупно поени, поени во едно полувреме, хендикеп поени и да го погодите точниот резултат по сетови.