Интересна комбинација од четири фудбалски дуели и еден кошаркарски меч има во денешните Квоти на ден, кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 49.74.
Катар е фаворит на свој терен да победи против Кувајт, и тоа во средба на која се очекува да има меѓу три и шест погодоци. Оваа комбинација носи квота од 2.15.
Интересно е дека единствениот нефудбалски пар е со двознак. Партизан дома игра против Реал Мадрид, а опцијата Црно-белите да не загубат во регуларниот дел, односно да е 1Х е со коефициент 2.05.
Велс не треба да загуби од Финска во натпревар на кој двете селекции ќе постигнат барем по еден погодок, што носи одличен коефицинет од 2.70.
Ќе биде возбудливо во Зеница, каде што Босна и Херцеговина е домаќин на Украина, а предлогот за овој меч е да има од еден до три погодоци во двете полувремиња, што носи одлична квота од 2.20.
САД е голем фаворит за победа над Јамајка, а освен „кецот“, треба да се очекува и најмалку еден погодок во првото полувреме за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со 1.90.