31.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Со пет атрактивни натпревари до вкупен коефициент од над 50

Пет меча од повеќе различни земји доколку се одиграат заедно на еден тикет, носат вкупен коефициент од 51.39. Интересни се денешните Квоти на денот и вреди да се одиграат, а во понудата се пет средби, и тоа:

Њукасл и Евертон треба да одиграат интересен меч со голови во двете полувремиња, но не треба да има повеќе од три погодоци во полувреме. Оваа интересна игра носи квота од 1.95.

Во Северна Ирска, Карик Ренџерс е домаќин на Линфилд, а гостите се во улога на фаворит. Линфилд да постигне барем еден погодок во двете полувремиња е со коефициенот од 2.15.

Јувентус му е домаќин на Лацио во првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија и Старата дама треба да победи во натпревар на кој ќе има постигнато од два до пет погодоци, комбинација што носи квота од 2.60.

Вест хем игра против Тотенхем, а опцијата тука е гостите да не загубат во дуел на кој двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок. Оваа игра е со квота од 2.05.

Во полуфиналето на Купот на Португалија ќе играат градските ривали Бенфика и Спортинг. Тие две екипи ја водат битката и за титулата во првенството. Комбинацијата сега е да има победник и да бидат постигнати од два до четири погодоци, игра која вреди 2.30 квота.

- Оглас -

Најнови вести