Квоти на ден какви заслужува последната недела во годината, предлозите се спектакуларни (Фото)

Петте денешни предлози на Sport Life за квоти на денот се од атрактиви дуели на европски фудбалски гиганти кои играат во текот на денот, а вкупната квота е 62.33, што значи дека ако ги уплатите на 100 денари, бруто добивката би ви била нешто над 100 евра.

Првиот предлог е да типувате на победа на Манчестер сити на гостувањето кај Лестер, со тоа што треба да паднат барем два гола во второто полувреме. Коефициентот за оваа игра е 2.10.

Квота од 2.30 се нуди дека Тотенхем нема да загуби дома од Вулверхемптон, и дека на средбата повеќе голови ќе паднат во второ отколку во прво полувреме.

Триумф на Ливерпул на гости кај Вест Хем, со додатоци дека Црвените ќе видат и на полувреме и дека ќе има два или повеќе голови на мечот, во Sport Life носи квота од 2.15.

За ефикасен меч Милан – Рома со три или повеќе голови од кои 1-3 би паднале во првото полувреме, квотата е одлична 2.45.

Иста ваква квота од 2.45 има и за петтиот предлот, за португалското градско дерби Спортинг Лисабон – Бенфика. За добивка, потребно е двата тима да дадат гол и во второто полувреме да бидат постигнати минимум два гола.

- Оглас -

Најнови вести