Пет натпревари, од кои четири се фудбалска и една кошарка, се дел од Квотите на денот на Sport Life. Искомбинирани на еден тикет прават квота од 33.7.
Понудата ја отвораат младите репрезентации за фудбалери до 19 години на Велс и Австрија. Гостите се фаворити за победата, а за да биде добитна квотата од 2.10, освен победа на Австрија, потребно е да има најмалку еден погодок во првото полувреме.
И вториот натпревар во Квотите на денот е од квалификациите за репрезентации до 19 години. Македонија учествува на турнир во Полска, која е и првиот противник на нашите момци. Квотата од 1.65 ќе биде добитна доколку Македонија постигне барем еден погодок против фаворизираниот противник.
Интересен дуел не очекува во француската третолигашка конкуренција, каде ќе се сретнат екипите на Ниор и Версај. Домашните се второпласирани, додека гостите се на 8-мата позиција на табелата. Предлогот за овој натпревар е да се одигра дека ќе биде нерешено или на полувреме или на крајот од мечот, односно “Х било кога“ со квота од 1.75 во понудата на Sport Life.
И вториот натпревар од Квотите на денот е од француската национална дивизија, односно третата по ранг лига. Екипите на Шатору и Сошо имаат ист број на бодови на табелата, по 10, но вечерва предноста ќе ја имаат домашните фудбалери од кои се очекува да не загубат. За да биде добитна квотата од 2.10, потребно е на мечот да бидат постигнати и најмалку два погодоци.
После подолго време имаме и кошаркарски натпревар во Квотите на денот во Sport Life. Екипата на Гран Канарија е голем фаворит во пресметката против германски Улм во рамки на Еврокупот. Квотата за овој натпревар е 2.65, а за да биде добитна потребно е домашните да победа, но и на мечот да бидат постигнати над 165.5 поени.