Квотите на денот се секогаш интересни во Sport Life, прогнозите за трите меча честопати се прецизни, што е предизвик да ги одиграте и денеска.
Првиот наш предлог е дека актуелниот првак Ливерпул нема да загуби на „Кинг Пауер“ од Лестер и дека ќе има најмалку два гола на дербито од 13.30 часот.
Ливерпул ги доби последните четири меча на гости кај Лестер, а и денеска наша прогноза е дека ќе си замине непоразен.
Уште попривлечен е предлог-типот 2&T2 2+ на дуелот во Ла Лига меѓу Гранада и Атлетико Мадрид што ќе се игра од 14 часот. Коефициентот во Квоти на денот е 2.65, а доволно е само да се напомене страшната серија на Јорганџиите од 16 меча без пораз против денешниот ривал.
Во тој серијал лидерот во шпанското првенство ја победуваше Гранада со 5:0, 7:1, 6:1, па предлогот е да одиграте на победа на гостите, кои ќе постигнат и најмалку два гола.
Последниот предлог во Квоти на денот на Sport Life e ГГ&3+ на второто англиско дерби денеска меѓу Манчестер сити и Тотенхем. Сити го урна рекордот од 15 победи по ред, сметајќи ги сите натпреварувања во Англија и се проби во страшен налет на врвот на табелата во Премиерлигата.
Офанзивниот дел денеска од 18.30 часот може да биде засилен и со Кун Агуеро, па ако игра и Аргентинецот тоа е гаранција за ефикасен меч. Кај Тотенхем се врати лидерот на тимот, опасниот стрелец Хари Кејн, со Хјунг-Мин Сон се еден од најдобрите тандеми во светот на фудбалот, што ветува голови на „Етихад“.