Квотите на денот на Sport Life за денеска се микс од два натпревари во Лигата на Европа и еден во Бундеслигата, сите исклучително значајни за екипите што ќе играат.
Херта настапува по забрзан ритам и ги игра трите одложени мечеви поради 14-дневниот карантин, а денеска не смее да загуби од Фрајбург ако сака да обезбеди опстанок во Бундеслигата.
Мечот ќе се игра од 18.30 часот во Берлин, а предлог-тип во Квоти на денот во Sport Life е да се одигра комбиниран тип 1Х&2-4 гола со коефициент од 2.10.
Арсенал и Вилјареал ќе бијат жестока битка во Лондон, во реваншот од полуфиналето во Лигата на Европа. Влогот е голем, носи меч за пехарот во Гдањск на 26 мај, а предлог е да одиграте дека Топчиите ќе постигнат барем еден гол во првото полувреме и дека ќе има најмалку два погодоци на мечот за коефициент од 2.50.
Манчестер јунајтед ја декласира Рома на „Олд Трафорд“ со 6:2 и повторно е фаворит и на реваншот во Рим вечерва од 21 часот. Комбиниран тип Х2&ГГ во Sport Life има коефициент од 2.05.
Сите три натпревари може да се одиграат на ист тикет и вкупниот коефициент е 10.76.