Квотите на денот на Sport Life се интересна комбинација од три натпревари во квалификациите за Конференциската лига, од кои на два играат македонските претставници Македонија Ѓорче Петров и Шкендија и заедно со мечот Раднички – Гзира прават вкупен коефициент од 9.6.
Сите три меча се играат на Балканот, а два се од 19 часот и еден почнува во 20 часот.
Во Софија од 19 часот, Македонија Ѓорче Петров ќе ѝ биде гостин на ЦСКА и предлог во Квоти на денот е да се одигра 1-3I&1-3II со коефициент 2.00.
Во Ниш во исто време ќе почне реваншот меѓу Раднички и Гзира, а предлог е да се одигра 1+I&3+ со квота 2.05.
Во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“, Шкендија ќе го почне реваншот со Валмиера од 20 часот и со предност од 2:1 од првиот меч.
Предлог со Квоти на денот е да се одигра 1Х&ГГ со коефициент од 2.35.
Трите натпревари може да се играат на ист тикет или да се комбинираат со сите останати игри во понудата на Sport Life.