Квоти на денот: Репрезентациите носат добивки, трилингот во Sport Life прави топ коефициент 17.9 (Фото)

Квотите на денот се во знакот на фудбалските репрезентации, а во овој период од 15-тина дена се играат натпревари во Лигата на нациите, последните бараж-дуели за настап на Мундијалот во Катар и популарната „Финалисима“ меѓу европскиот првак и шампионот на Јужна Америка.

Во изборот со Квоти на денот, трите одбрани натпревари се со топ коефициенти од 2.50 нагоре, а заедно прават тикет во Sport Life со вкупна квота од 17.9.

Првиот предлог е да одиграте 1&2-5 со квота 2.55 на премиерниот дуел во новото издание на Лигата на нациите меѓу Полска и Велс.

Полјаците веќе се пласираа на Мундијалот во Катар и во Вроцлав се фаворити против Велс, селекција која во недела го очекува најважниот меч во 2022 година, финалниот бараж во Кардиф против Шкотска или Украина за пат во Катар.

Токму Шкотска и Украина денеска на „Хемпден парк“ во Глазгов ќе одлучат која селекција ќе му излезе на мегдан на Велс во недела, во Кардиф, на меч што води на Светското првенство.

Предлог во Квотите на денот е да одиграте дека Шкотите нема да загубат на дуел на кој двете селекции ќе дадат гол, па за играта 1Х&ГГ коефициентот е 2.80.

Италија и Аргентина ќе играат во дуелот на шампионите, популарно наречен Финалисима, на „Вембли“ во Лондон.

Мечот на двата шампиони, европскиот Италија и јужноамериканскиот Аргентина е за трофеј и не е безначаен, па предлог со Квоти на денот е да одиграте 1-3I&1-3II со коефициент од 2.50.

Трите меча може да се играат на ист тикет или да се комбинираат со сите останати игри во понудата во билтенот и дневниот додаток на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести