Квотите на денот во Sport Life се посебно интересни денеска, а играат екипи со богати колекции на трофеи и во три различни варијанти заедно прават коефициент од 11,27.
Во 13 часот актуелниот првак на Англија, Манчестер сити му е домаќин на третиот најтрофеен клуб, Арсенал, кој има 13 титули, но е аутсајдер на „Етихад“.
Сити има биланс од 10 победи и само еден пораз од Топчиите во последните четири години, па единицата е логичен избор. Предлог во Квоти на денот е „кецот“ да се комбинира со голови и тоа најмалку по едне во двете полувремиња. За играта 1&1+I&1+II коефициентот е 2.05.
Големото дерби меѓу Ливерпул и Челзи, кои заедно имаат 25 титули во Англија исто така може да се одигра на голови, со интересна варијанта да има барем по еден погодок во двете мрежи во исто полувреме. За типот ГГ прво/второ коефициентот е 2.50.
Реал Мадрид е најтрофејниот клуб во Шпанија со 34 титули и се освен победа во Севилја против Бетис би бил неуспех за Кралевите. Сепак Бетис знае да биде незгоден на „Бенито Вилјамарин“, па посигурна варијанта е Х2&ГГ со одличен коефициент од 2.20.
Како и секогаш во Sport Life е дозволено сите три натпревари од Квотите на денот да се одиграат на ист тикет, а може да се комбинираат во најразлични варијанти со сите игри од билтенот и додатокот на обложувалницата.