Квоти на денот: Српските гиганти заедно ќе презимат во Европа, Наполи и Лестер ќе даваат голови

Квотите на денот во Sport Life денеска се во знакот на натпреварите во Европа Лигата и Конференциската лига на УЕФА и во знакот на двата српски гиганти, Црвена Ѕвезда и Партизан.

Токму нивните мечеви во последното коло по групи се во изборот со Квоти на денот во Sport Life, заедно со дуелот меѓу Наполи и Лестер, а понудената комбинација има вкупен коефициент од 10.33.

Прв предлог е дека Партизан ќе го победи Анортозис на меч што ќе се игра во Белград денеска и на кој би требало да има од 2-5 гола. Комбинацијата 1&2-5 е со коефицент 2.00.

Вториот предлог е дека на дуелот меѓу Наполи и Лестер ќе се игра ефикасно и типот е еден гол во прво полувреме и најмалку три на целиот меч, или 1+I&3+ со квота 1.95.

Црбена Ѕвезда гостува во Португалија и предлог во Квоти на денот е дека „црвено-белите“ нема да загубат во тврд меч со најмногу 3 гола, или Х2&0-3 со квота 2.65.

 

- Оглас -

Најнови вести