Квотите кои ги нуди Sport Life за светски шампион во фудбал се „измешаа“ од стартот на Мундијалот досега. Се одиграа две кола од групната фаза, а Бразилците се издвојуваат како тим кој е главен фаворит за освојување на титулата.
Најголема закана по Бразилците е Франција, а тука некаде се и Шпанија и Аргентина. За Англија, квотата сега е 10, а по двете победи и обезбедено осминафинале, напредува Португалија, па квотата за нивна титула падна на 11.
Германија допрва треба да обезбеди место во осминафиналето, а квотата за нивна титула е 12, додека најголемо разочарување е Белгија, која ќе има проблем да се најде во осминафинале и затоа квотата дека таа ќе биде светски првак сега е дури 50