Петте меча во денешните Квоти на ден ако се одиграат заедно, прават вкупен коефициент од 65.43.
Првиот предлог е дуелот од холандската Ередивизија меѓу Твенте и Ексцелсиор во кој домаќинот е голем фаворит. Предлогот на Sport Life е да одиграте „кец во кец“ и дека ќе има барем три гола, а квотата за оваа игра изнесува 2.10.
Новото коло во Бундеслигата го отвораат Хофенхајм и Бохум каде домаќинот ја има фаворитската улога, а квотата за предлогот на Sport Life изнесува 2.35. Оваа квота се добива доколку се одигра дека Хофенхајм ќе постигна барем два гола, како и дека ќе се тресат мрежите на двајцата голмани.
Дерби на денот во светот на фудбалот е пресметката од Серија А меѓу Јувентус и Наполи. Sport Life ви предлага да одиграте на голови , односно дека двата тима ќе постигнат гол, а притоа барем по еден гол ќе има и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра изнесува 2.55.
Најмалата квота е од дуелот од Лига 1 меѓу Монпелје и Ланс и изнесува 2.00. Оваа квота се добива ако се одигра дека Ланс нема да загуби, а притоа ќе бидат постигнати најмногу три гола.
Последниот предлог, пак ја има најголемата квота – 2.60 и е од дуелот меѓу Хетафе и Валенсија. Тука предлогот е да се одигра дека ќе паднат меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.