Квотите на денот нудат џиновска вкупна квота само од пет натпревари

Примамливо делуваат денешните Квоти на денот, посебно ако се знае дека доколку сите пет комбинации се уплатат на еден тикет заедно, се доаѓа до вкупен коефициент од 74.56.

Аугсбург е домаќин на Лајпциг и тука се очекува двата тима да постигнат гол, а треба да има и погодок во второто полувреме, комбинација која носи квота од 1.90.

Болоња е фаворит во дуелот против Торино и примамливиот коефицинет од 2.95 ќе биде добитен ако домаќинот постигне барем еден погодок во првото полувреме, а на крајот да има 2+ голови во мрежата на гостите.

Брест и Оксер треба да одиграат меч со погодоци во двете полувремиња, но не смее да има повеќе од три гола во полувреме. Оваа комбинација носи квота од 2.15.

Челзи гостува кај Брајтон и потребно е лондонскиот гигант да не загуби во меч на кој ќе има од два до четири погодоци за да биде добитна комбинацијата која е со квота од 2.25.

Жирона треба да го победи Хетафе во меч на кој ќе има барем еден погодок во второто полувреме, а квотата за ова е 2.75.

- Оглас -

Најнови вести