Пет интересни мечеви од Топ 5 лигите, ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе ви донесе вкупен коефициент од 48.17, според понудата во Квоти на ден на Sport Life. Пари Сен Жермен е фаворит за победа над Реимс во меч на кој освен победа на домаќините треба да има од два до четири погодоци за да биде добитен коефициентот од 2.50.
Во Премиер лигата се игра големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер сити, а тука се очекуваат погодоци и тоа на двете страни и во двете полувремиња, комбинација која носи квота од точно два.
Јувентус е домаќин на Аталанта, а предвидувањата се да има барем по еден погодок во двете полувремиња, што се вреднува со коефициент од 2.05.
Лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен е фаворит на свој терен против Волфсбург и се очекува Фармацевтите да постигнат барем по еден погодок во двете полувремиња. Оваа игра е со квота од точно два.
Олимпик Марсеј не треба да загуби на домашен терен од Нант во натпревар на кој ќе има погодоци на двете страни. Оваа комбинација е примамлива со коеифициент од 2.35.