Петте натпревари кои Sport Life ги предлага во денешните Квоти на денот прават вкупен коефициент од 46.56, а поединечно гледано, сите квоти се 2.00 или поголеми и вреди да се најдат на тикет уплатен во најдобрата обложувалница во Македонија.
Првиот предлог е од натреварот од австриската Бундеслига меѓу Тирол и Рапид Виена и тука треба да одиграте на победа на гостите, со додаток дека треба да има меѓу два и пет гола. Оваа комбинација носи квота од 2.10.
Најмалата квота е од дуелот од германскиот Куп меѓу Борусија Менхенгладбах и Волфсбург и изнесува 2.00. Тука предлогот на Sport Life е да одиграте дека и двата тима ќе постигнат гол, а притоа мрежте ќе се тресат и во двете полувремиња.
Во шпанскиот Кралски куп еден од поинтересните дуели е тој меѓу второлигашите Еспањол и Ваљадолид. Квота од 2.20 се добива ако одиграте дека Еспањол нема да загуби, а притоа ќе биде постигнат барем еден гол во првото полувреме.
Лацио и Џенова играат во осминафиналето од италијанскиот Куп и тука предлогот на Sport Life е да одиграте на голови. За играта дека ќе има меѓу еден до три гола во двете полувремиња, квотата изнесува 2.10.
Последниот предлог ја има најголемата квота, која изнесува 2.40 и таа е од дуелот во Премиер лигата меѓу Лутон и Арсенал. Оваа квота се добива ако одиграте дека Арсенал ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку три гола на целиот натпревар.