Квотите на денот се одлични, сите се со коефициент 2.05 или поголеми (Фото)

Денешните натпревари од Квотите на денот ако ги одиграте сите пет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 52.20. Најмалата квота изнесува 2.05, а најголемата 2.40.

Првиот предлог е од полуфиналето во турскиот Куп меѓу Анкарагучу и Бешикташ и ја има најмалата квота која изнесува 2.05. Оваа квота се добива ако се игра дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Вториот најтрофеен клуб во Франција, Сент Етјен, се бори за влез во Лига 1 и мора да освои бодови на гостувањето кај Гренобл. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека Сент Етјен нема да загуби и ќе постигне барем два гола и квотата за оваа игра изнесува 2.35.

Вечерва ќе се игра реванш-натпреварот од полуфиналето во Купот на Италија меѓу Лацио и Јувентус и ја има најголемата квота, која изнесува 2.40. Првиот натпревар заврши со 2:0 за Јувентус и вечерва повторно се очекуваат голови. Предлогот на Sport Life е да се одигра на победа на Лацио или Јувентус, а притоа да има помеѓу два и четири гола.

Во Чемпионшип се игра заостанатиот натпревар од 38-мото коло меѓу лидерот на табелата Лестер и четвртопласираниот Саутхемптон. Лестер е благ фаворит и за играта да не загуби, а притоа и двата тима да не постигнат гол, квотата изнесува 2.10.

Последниот предлог е од големото лондонско дерби меѓу Арсенал и Челзи. Арсенал се бори за титулата во Премиер лигата, додека Челзи нема шанси да обезбеди пласман во европските купови. Топчиите ја имаат фаворитската улога и предлогот на Sport Life е да се одигра на победа на Арсенал и притоа мрежите да се тресат и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра изнесува 2.15.

- Оглас -

Најнови вести