Пет интересни дуели кои се дел од денешната понуда на Квоти на ден во Sport Life, ако се одиграат заедно на еден тикет може да ви донесат добитен вкупен коефициент од 43.69.
Првиот предлог е од дуелот од Лига 1 меѓу Ле Авр и ПСЖ. Во Франција се знае кој тим е фаворит на сите мечеви, тоа е ПСЖ, па така е и на денешниот меч. Предлогот на Sport Life е да се одигра ПСЖ ќе постигне барем по еден гол во двете полувремиња, а квотата за оваа игра изнесува 1.95.
Најголемата квота е од дербито во Премиер лигата меѓу Манчестер сити и Тотенхем и изнесува 2.95. Оваа квота се добива ако се одигра дека Граѓаните ќе постигнат барем еден гол во првото полувреме и барем два гола во вториот дел.
Во Бундеслигата се игра дерби дуелот меѓу Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд и ја има најмалата квота од 1.90. Тука се очекува и двата тима да постигнат гол и мрежите да се тресат и во првото и во второто полувреме.
Во Серија А на програмата е дербито меѓу Наполи и Интер. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека Нераѕурите нема да загубат, а притоа ќе бидат постигнати барем два гола. Квотата за оваа игра изнесува 1.95.
Последниот предлог е од дербито во Ла Лига меѓу Барселона и Атлетико Мадрид и тука предлогот е да се одигра дека каталонскиот тим нема да загуби и ќе има меѓу два и четири гола, комбинација која носи квота од 2.05.