14.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Квотите на денот со возбудливи комбинации, Ноле ќе биде „кец у кец“ против Надал

Како ретко кога, во Квотите на денот нема ниту еден фудбалски меч. Денеска во фокусот е тенисот, и тоа со два возбудливи дуели од Ролан Гарос.

Големата шпанска надеж Карлос Алкарас треба да го победи Александер Зверев во меч на кој ќе има над 36,5 гејма. Ваквата игра носи коефициент од 2.55.

Дербито е меѓу великаните Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, а тука играта е „кец у кец“ за Србинот. Тоа значи дека Ѓоковиќ ќе го освои првиот сет и на крајот ќе победи, што носи коефициент од 2.05.

Tретиот меч е од кошаркарскиот плејоф во Италија. Виртус Болоња води со 2:0 во победи против Орси Тортона и вечерва треба да го обезбеди местото во финалето од плејофот. Се очекува сигурна победа на гостите, па за 2-2 квотата е 1.90.

Ако се решите да ги одиграте сите три меча од Квотите на денот, вкупниот коефициент е 9.93.

- Оглас -

Најнови вести