Квотите на денот ги фаворизираат Реал, Ливерпул и Милан

Реал во исто време со Атлетико ќе разигрува за првото место во претпоследното коло од Ла Лига, а Кралевите мора да го добијат тешкото гостување кај Атлетик Билбао за да останат во игра за шампионската титула.

Најмалку еден гол во првото полувреме се очекува од тимот на Зинедин Зидан, а и во вторите 45 минути на „Сан Мамес“ мрежите треба да се затресат барем еднаш и така точна ќе биде квотата од 2.70.

Ливерпул не смее да ја пропушти шансата да дојде на само бод заостаток зад топ 4 местата во Премиер лигата за пласман во ЛШ, па затоа тимот на Јирген Клоп треба да триумфира на гостувањето кај ВБА. Црвените мора да осигураат водство уште во првиот дел, а во мечот на „Хавторнс“ не смее да има повеќе од пет погодоци за да биде добитен коефициентот од 2.50.

Милан со триумф над Калјари ќе го потврди пласманот во Лигата на шампионите, а според тоа како Росонерите играа во претходните две кола, би требало да се оправда фаворитската улога и на „Сан Сиро“ да се види убедлив триумф до максимум четири погодоци за квота 2.20.

- Оглас -

Најнови вести