15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Квотите на денот на Sport Life се закон – Вчера беа добитни, а и денеска не смеат да се пропуштат (Фото)

Вчерашните Квоти на ден повторно беа добитни со вкупен коефициент од 49.83, што е вторпат за последните неколку дена, и воедно е потврда дека треба редовно да се играат.

Петте вчерашни предлози беа за игрите на голови, Генк и Серк Бриж одиграа 1:1, Монако со 3:1 го победи Родез, Рома со 2:1 ја победи Верона, Ред Бул Лајпциг и Баер Леверкузен одиграа одличен меч на кој имаше пет гола (2:3), а Милан со два гола во судиското продолжение славеше на гостувањето кај Удинезе (2:3).

Вчерашните Квоти на ден може да ги видите ТУКА, а за денеска Sport Life има пет нови предлози кои вреди да се одиграат.

Квотата за петте предлози изнесува 48.56, а поединечно се движат од 2.05 до 2.50.
Првиот предлог е од дуелот од Премиер лигата меѓу Шефилд јунајтед и Вест хем и тука предлогот е Чеканите да не загубат и притоа да бидат постигнати меѓу два и четири гола. Квотата за оваа игра изнесува 2.15.

Најголемата квота е дербито од турскиот шампионат меѓу Трабзонспор и Галатасарај и изнесува 2.50. Оваа квота се добива ако се одигра дека Галатасарај ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и барем два на целиот натпревар.

Ливерпул иако игра без својот најдобар играч, Мохамед Салах, е фаворит на гостувањето кај Борнмут, а Sport Life ви предлага да одиграте на голови на Црвените. За играта Ливерпул да постигне два или три гола, квотата изнесува 2.05.

Во Ла Лига, најинтересниот натпревар денеска ќе се игра во Севиља каде Бетис ќе ја пречека Барселона. Предлогот на Sport Life има квота од 2.15 која се добива ако се одигра дека двата тима ќе ги тресат мрежите како и дека ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

Последниот предлог е од мечот меѓу Лече и Јувентус и има квота од 2.05. За да се добие оваа квота потребно е да се одигра дека Јувентус нема да загуби и притоа ќе постигне барем два гола.

- Оглас -

Најнови вести