26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Квотите на денот не можат да поминат без најголемото светско дерби

Квотите на денот кои за денеска ги нуди Sport Life се вистински дерби-натпревари и носат вкупен коефициент од 63.59 ако се одиграат на еден тикет заедно.

Првиот предлог е од полуфиналето на Холандскиот куп меѓу Феенорд и Ајакс и тука е најмала квотата и изнесува 2.05. Таа се добива доколку одиграте дека двата тима ќе постигнат гол, а ќе има и најмалку по еден гол и во првото и во второто полувреме.

Второто големо дерби во Квотите на денот е од четвртфиналето на Купот на Германија меѓу Ред Бул Лајпциг и Борусија Дортмунд. И двата тима загубија изминатиот викенд во Бундеслигата, а сега ќе се борат за пласман во полуфиналето на Купот, а предлогот е дека Милионерите нема да загубат, а притоа двата тима ќе постигнат гол. Квотата за оваа играа изнесува 2,40.

Манчестер јунајтед е фаворит за освојување на трите бода во заостанатиот натпревар во Премиер лигата против Брентфорд, со што би се вратил на позициите кои носат пласман во Лигата на шампионите. Предлогот е да се одигра на триумф на Црвените ѓаволи и да бидат постигнати помеѓу два и пет гола. Квотата за оваа игра е 2,35.

Квотите на денот не можат да поминат без најголемото дерби на светот Барселона и Реал Мадрид, кои го играат реванш-натпреварот од шпанскиот Кралски куп и тука предлогот е да се одигра на голови. Квота од 2.20 се добива ако се одигра дека ќе има најмалку еден гол во првото полувреме, а најмалку три на целиот натпревар.

Последниот предлот е од Купот на Франција и дуелот меѓу Нант и Олимпик Лион и тука квотата е најголема и изнесува 2.50. Овој коефициент се добива доколку одиграте дека Олимпик Лион нема да загуби и дека ќе има повеќе голови во второто отколку во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести