Петте денешни предлози на Sport Life за Квоти на денот се интересни и прават вкупен коефициент од 53.62. Сите поединечно најмалку би ја удвоиле вашата добивка во однос на влогот и затоа вреди да се одиграат.
Првиот предлог доаѓа од Србија, каде што се игра вечното дерби меѓу Партизан и Црвена ѕвезда. Доколку двете екипи постигнат гол, а има најмалку по еден гол во двете полувремиња, квотата е 2.30.
ФК Копенгахен е фаворит против Алборг, се очекува да триумфира, а доколку домаќинот постигне три гола, од кои најмалку еден во првото полувреме, квотата на денот е 2.30.
Аталанта во Бергамо го пречекува Комо и доколку не загуби и двете екипи постигнат гол на натпреварот, квотата изнесува 2.15.
Бетис и Мајорка го играат последниот меч од тековното коло во Ла Лига. Доколку на овој дуел има победник и бидат постигнати од два до четири гола, тогаш квотата на денот нуди 2.30.
Бенфика е фаворит против Боависта, а доколку португалскиот гигант во двете полувремиња постигне најмалку еден, а најмногу три гола, има одлична квота на денот, 2.05.