Петте денешни предлози на најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life, во редовната рубрика Квоти на денот се посветени на пет дуели од фудбалската Лига на шампиони и сите пет коефициенти се со приближно иста вредност, а прават вкупна квота од 40.72.
За дуелот на Реал Мадрид и Унион Берлин, предлогот е да одиграте дека ќе победи шпанскиот гигант, со тоа што во двете полувремиња треба да падне барем по еден гол. За оваа комбинација, квотата е 2.10.
Ако верувате дека Наполи може да даде барем два гола на гостувањето кај Брага и дека Наполитанците нема да загубат, тука е квотата од 2.00 за оваа игра.
Квота од 2.05 се предлага за играта дека во двете полувремиња на мечот Севилја – Ленс ќе паднат од еден до три гола.
За дербито Баерн – Манчестер јунајтед, само во Sport Life имате квота од 2.15 дека тимот од Минхен ќе постигне два или повеќе голови, но дека и Црвените ѓаволи ќе постигнат минимум еден погодок.
Најголемата квота од петте денешни Квоти на денот е онаа од 2.20, а посветена е на игра за мечот Реал Сосиедад – Интер. За да бидете добитни, треба да има 2-4 гола и Интер да победи или средбата да заврши нерешено.