Квотите на денот во Sport Life за денеска се од пет меча од квалификациите во фудбалската Лига на шампиони, а за петте игри заедно, вкупната квота изнесува 37.67, што значи дека со уплата од 100 денари, ако излезат добитни, би добиле над 50 евра.
Првиот предлог е да уплатите дека Олимпија Љубљана нема да загуби на гостувањето кај Валмиера во Летонија, но и дека на мечот ќе паднат 2-4 гол. Квотата за оваа комбинација е 1.90.
Динамо Тбилиси ја пречекува Астана, а тука квотата на денот во Sport Life е 2.15 за играта дека средбата ќе биде со 0-2 гола и дека домашниот тим ќе победи или дека дуелот ќе заврши нерешено.
Ференцварош е домаќин на Клаксвик од Фарски острови, првиот меч заврши 0-0, и привлечно делува квота од 2.20 дека Унгарците вечер ќе дадат барем три гола, од кои најмалку еден во првото полувреме.
Ако верувате во ефикасен меч Лудогорец – Балкани, за вас е квотата 1.90 за играта минимум еден гол во прво полувреме и три или повеќе на крајот.
Петката се заокружува со Есперанж – Слован Братислава, со квота 2.15 за X2 и ГГ.