Петте натпревари во Квотите на денот на Sport Life се од квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на Европа и во Лигата на конференции. Два натпревари се од Лигата на Европа, а три од Лигата на конференции, кои доколку се одиграат заедно на еден тикет, прават квота од 71.47.
Првиот предлог е од дуелот меѓу Рига и Твенте и ја има најмалата квота која изнесува 2.00. Холандскиот тим славеше на првиот меч со 2:0, а и вечерва се очекуваат голови, па предлогот на Sport Life е да одиграте дека ќе има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
ПАОК и Хајдук Сплит одиграа без голови во првиот натпревар, но сега се очекува екипите да ги тресат мрежите и Sport Life ви го нуди најголемиот коефициент во Квотите на денот. За играта дека двата тима ќе постигнат гол и ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.60.
Зрињски е на добар пат да стане првиот тим од БиХ кој играл во групите во европските купови, а вечерва во Исланд брани предност од четири гола (6:2). За играта Зрињски да не загуби и притоа двата тима да постигнат гол, квотата изнесува 2.20.
Еден од најинтересните дуели во квалификациите за пласман во Лигата на Европа е тој меѓу Гент и Олимпијакос. Грчкиот тим на првиот меч славеше со минимални 1:0, но вечерва фаворитската улога ја имаат Белгијците. За играта Гент да постигне еден гол во првото полувреме и барем два на целиот меч квотата изнесува 2.45.
Последниот предлог е од дуелот меѓу Партизан и Сабах, на кој Црно-белите ќе бркаат негатива од два гола. Предлогот на Sport Life е да одиграте дека Партизан нема да загуби и притоа ќе бидат постигнати меѓу три и шест и гола.