26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Квотите на денот се од пет различни лиги со вкупен коефициент од 55

Денешните Квоти на денот се комбинација од пет натпревари од пет различни лиги, а ако сите комбинации ги одиграте на еден тикет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 55.15

Галатасарај го пречекува Хатајспор и лидерот во турскиот шампионат е апсолутен фаворит и предлогот на Sport Life е да одиграте на голови. За Галатасарај да даде помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.10.

Вечерва се игра големото дерби во Серија А помеѓу Наполи и Јувентус, а благ фаворит е домаќинот и лидер на табелата. Тука се очекува Наполи да не загуби и двата тима да постигнат барем по еден гол. Квотата за играта 1Х&ГГ изнесува 2.40.

Во шкотската Премиер лига, Хартс го пречекува Сент Мирен и за триумф на домаќините и да биде постигнат барем еден гол во второто полувреме, квотата изнесува 2.40.

Астон вила и Лидс го отвораат новото коло во Премиер лигата и на овој натпревар се очекуваат голови. Тука предлогот е да има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, а квотата е 1.90.

Последниот предлог е од Ла Лига и дуелот меѓу Селта и Вилјареал. Тука предлогот е гостите да не загубат и да биде постигнат барем еден гол во првото полувреме. За играта Х2&1+ прво, квотата изнесува 2.40.

 

- Оглас -

Најнови вести