26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Квотите на денот се одлични, дури четири меча имаат ист коефициент (Фото)

Петте натпревари кои Sport Life ги предлага во денешните Квоти на денот прават вкупен коефициент од 58.76, а интересно е што дури четири имаат идентична квота 2.30 и и вреди да се најдат на тикет уплатен во најдобрата обложувалница во Македонија.

Првиот предлог е од натреварот од мароканскиот шампионат меѓу ФУС Рабат и ФАР Рабат и ја има најмалата квота која изнесува 2.10. Оваа квота се добива ако се одигра дека ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

На останатите четири меча, квотата е идентична и изнесува 2.30.

Во грчкиот шампионат играат ОФИ и Ламија и домаќинот е фаворит да ги освои трите бода. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека ОФИ ќе слави и ќе има барем еден гол во второто полувреме.

Гана и Намибија ќе играат пријателски натпревар на помалку од една недела од стартот на Африканскиот куп на нации и тука предлогот е да се одигра на голови на фаворитот. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека Гана ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар.

Манчестер јунајтед ги започнува настапите во ФА купот со мечот на гости кај Виган кој веќе неколку години не е дел од Премиер лигата. Црвените ѓаволи се фаворити, но нивните игри не се убедливи сезонава и поради тоа предлогот е да се одигра дека нема да загубат, а притоа и двата тима ќе постигнат гол.

Последниот предлог е од дуелот од португалскиот шампионат меѓу Мореиренсе и Каса Пиа. Домаќинот е голем фаворит за триумф и тука предлогот е да се одигра на голови, односно дека Мореиренсе ќе постигне меѓу два и четири гола.

- Оглас -

Најнови вести