Вкупен коефициент од 45.04 се нуди во денешните пет предлози на Sport Life како квоти на денот.
За средбата на Тотенхем со Њукасл, предлогот е да одиграте дека двата тима ќе постигнат гол и дека нема да заврши нерешено. Квотата за оваа комбинација е 1.95.
Победа на Манчестер сити над Вест Хем во меч на кој ќе паднат барем два гола во второ полувреме, носи квота од точно 2.00.
Третиот предлог е со квота 2.50 и тоа за дуелот на Кристал Палас и Челзи, а за добивка потребно е да има гол во прво, и два или повеќе голови во второ полувреме.
Англиската доминација во понудата ја разбива мечот Фиорентина – Наполи, за кој квотата на денот е 2.10 и тоа за играта дека ќе има 2 или повеќе голови, со додаток дека Фиорентина нема да победи.
Двојна шанса Х2 и „гол-гол“ е играта за која за мечот Брајтон – Арсенал се нуди квота од 2.20.