Во денешните Квоти на денот поради репрезентативните фудбалски активности, има пет натпревари дури од четири спорта (фудбал, кошарка, тенис и ракомет) и сите се со коефициент 2.00 или поголем, кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 41.58.
Честа на фудбалот ја бранат два меча, еден во машка и еден во женска конкуренција.
Првиот предлог е мечот меѓу Хакен и ПСЖ во четвртфиналето во женската Лига на шампионите и го има најголемиот коефициент кој изнесува 2.25. Оваа квота се добива ако се одигра дека фудбалерките на ПСЖ ќе постигнат меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Вториот фудбалски меч е тој меѓу Валур и Акранес, каде што предлогот е да се одигра на голови. За играта да има барем два гола во првото полувреме и најмалку четири на целиот натпревар, квотата изнесува 2.00.
Денеска започнува вториот годинешен мастерс-турнир кој ќе се игра во Мајами и во првото коло еден од најинтересните мечеви во машка конкуренција е тој меѓу Енди Мареј и Матео Беретини. Тука предлогот е да се одигра дека двајцата тенисери ќе освојат сет, а квотата за оваа игра е 2.10.
Валенсија и Баерн Минхен играат клучен натпревар за пласман во разигрувањето во плејофот, а шпанскиот тим ја има фаворитската улога. Квота од 2.10 се добива ако Валенсија води на полувреме и слави на крајот.
Последниот предлог е ракометната пресметка од полуфиналето во Купот на Франција меѓу Монпелје и ПСЖ. Светците се фаворити за триумф и за играта 2-2 квотата изнесува 2.00.