Квотите на денот кои за денеска ги предлага Sport Life прават вкупна квота од 63.92 и четири се фудбалски, а една средба е кошаркарска.
Првиот предлог ја има и најголемата квота, која изнесува 2.75, а тоа е дуелот од турската Супер лига меѓу Сиваспор и Галатасарај. Оваа квота се довива ако се одигра Галатасарај да постигне барем два гола, но и домаќинот да ја затресе мрежата на фаворитот.
И вториот предлог е од турскиот шампионат со квота од 2.05. Тоа е натпреварот меѓу Трабзонспор и Самсунспор, каде што се очекуваат голови. Тука предлогот на Sport Life е да се одигра дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Барселона е голем фаворит во второто полуфинале во шпанскиот Супер куп против Осасуна. Покрај триумфот на каталонскиот тим, се очекува да има меѓу два и четири гола, а квотата за оваа игра изнесува 2.40. Доколку победи, Барселона во финалето на Супер купот ќе игра против Реал Мадрид.
Денешните Квоти на денот се зачинети и со кошарка, и тоа со натпревар од Евролигата. Панатинаикос, кој пред сезоната направи голем ремонт на тимот и стана фаворит за пласман на завршниот турнир, го пречекува Монако и навивачите очекуваат победа на грчкиот тим. За играта „кец во кец“ на Панатинаикос, квотата изнесува 2.25.
Последниот предлог е од Купот на Италија и дуелот меѓу Јувентус и Фрозиноне. Тука се знае кој е фаворитот, но предлогот на Sport Life е да се одигра на голови на Старата дама. Квота од 2.10 се добива ако се одигра дека Јувентус ќе постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар.