Квотите на денот со вкупен коефициент „само“ од 27.99

Квотите на денот кои за денеска ги предлага Sport Life, петте предлози заедно носат вкупна квота од 27.99 и вреди да се проба да се одиграат на ист тикет.

Првиот предлог е да типувате на победа на Интер над Викторија П’лзењ, со тоа што на мечот во Милано треба да паднат од два до четири гола, ни повеќе ни помалку од тоа. На Интер победата му треба за пласман во осминафиналето, а Нераѕурите на првиот меѓусебен дуел во П’лзењ победија со 2-0. Квотата за 1 на Интер и 2-4 гола е 1.85.

Потоа следува убава квота од 2.00 за играта дека на дуелот на Ајакс и Ливерпул, двата тима ќе дадат гол и дека гостите нема да загубат. Ајакс е тим кој многу често и дава и прима голови.

Квота од 1.90 ќе најдете во Sport Life за играта дека во двете полувремиња на „Камп ноу“ на средбата Барселона – Баерн ќе паднат од еден до три гола. Овој меч е од 21 часот, ќе се знае резултатот од мечот Интер – Викторија, па зависност од исходот, ќе се знае и каква ќе биде мотивацијата на Каталонците.

Најголема од петте Квоти на денот која се предлага е 2.25 за победа на Наполи над Ренџерс и дека на мечот во Неапол ќе паднат барем два гола во второто полувреме.

За крај, имате квота од 1.77 дека Тотенхем ќе ги победи Спортинг и дека лондонските Петли ќе дадат барем два гола.

- Оглас -

Најнови вести