Квотите на денот го фаворизираат расположениот Челзи во градското дерби против Арсенал, а во полза на Сините е традицијата која вели дека на „Стемфорд бриџ“ немаат загубено од Топчиите уште ноември 2011 година.
Со победа која треба да ја најави уште во првите 45 минути, составот на Томас Тухел ќе може да се смета за учесник во Лигата на шампионите следната сезона. Типот 1 и еден гол во првото полувреме носи одлична квота од 2.45.
Јувентус до крајот мора да ги победи сите натпревари доколку сака да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а токму од гостувањето кај Сасуоло почнува таа мисија на Бјанконерите. Тимот на Андреа Пирло би требало да прими еден гол од Сасуоло, но најмалку двапати да ја затресе мрежата на домаќините за да биде добитна квотата од 2.30.
Атлетико е во пол-позиција да ја прекине доминацијата на Барселона и Реал во Шпанија, но за да дојде на чекор од титулата, ќе треба да падне Сосиедад на „Ванда Метрополитано“. Избраниците на Симеоне треба да дадат најмалку два гола, односно еден во првите 45 минути за добитна квота од 2.50.