Редовната содржина на Sport Life, Квотите на денот се со нови три натпревари кои сега прават коефициент од 13.45, а интересно е тоа што во главен фокус се домашните екипи.
Херта ќе го пречека Хамбургер во баражот за опстанок во Бундеслигата, а за домаќините да не загубат, како и за да видиме од еден до три погодоци во текот на целата средба квотата е 2.25.
Евертон навистина игра важен меч против Кристал палас, а за тимот од „Гудисон парк“ да даде прв гол, како и на крајот да победи има квота од 2.10.
Челзи ќе се соочи со Лестер, а за да биде добитна квотата од 2.85, потребно е тимот од Лондон да даде еден гол во првото, односно три во текот на сите 90 минути.