Квотите на денот во знакот на фаворитите, тука е дербито меѓу Арсенал и Њукасл, но и првиот меч годинава на Реал Мадрид

Петте предлози во Квотите на денот на Sport Life се поголеми од 2.00, а вкупниот коефициент изнесува 52.54.

Првиот предлот е од грчкиот шампионат и дуелот меѓу Левадијакос и лидерот на табелата Панатинаикос, каде што Зелените се фаворити. За триумф на Панатинаикос и да има помеѓу три и шест гола, квотата изнесува 2.20.

Вториот предлог ја носи најмалата квота од 2.10 и е од турската Суперлига. Тимот на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, Фенербахче, е благ фаворит на гостувањето кај Анталијаспор. Предлогот на Sport Life е да одиграте дека Фенербахче нема да загуби и притоа двата тима ќе постигнат гол.

Во Премиер лигата се игра дербито меѓу Арсенал и Њукасл и доколку верувате во триумф на Топчиите и дека ќе биде постигнат барем еден гол во второто полувреме, квотата е најголема од сите пет предлози и изнесува 2.35.

Манчестер јунајтед е фаворит против Борнмут и предлогот е да типувате на триумф на Црвените ѓаволи, кои притоа мора да постигат најмалку три гола. Квотата за оваа игра изнесува 2.20.

Последниот предлог е од шпанскиот Кралски куп, односно мечот меѓу Качерено и Реал Мадрид. Кралевите се големи фаворити против нисколигашот и квотата за нивна победа и да има најмалку четири гола на средбата изнесува 2.20.

- Оглас -

Најнови вести