14.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Квотите најавуваат победа на Леклер или Ферстапен, сè друго би било изненадување

После денешните квалификации за трката за Големата награда на Австралија во Формула 1, во најава е интересна трка за победата помеѓу Шарл Леклер и Макс Ферстапен.

Тие беа најбрзи во квалификациите, а на „Мелбурн парк“ нема премногу места за претекнување, па затоа и според квотите во Sport Life, пилотите кои ќе стартуваат утре изутрина од првиот ред, се главни фаворити за победа.

За Леклер од Ферари кој ќе тргне од пол-позиција, квотата за победа е 1.95, додека за триумф на актуелниот првак Ферстапен од тимот Ред Бул, квотата е 2.35. За сите други пилоти, коефициентите се од 10 нагоре.

- Оглас -

Најнови вести