Фудбалската репрезентација на Македонија во јунскиот прозорец на ФИФА ќе одигра два натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026. Во Sport Life веќе се објавени квотите и за двата натпревари, а она што може да се забележи на прв поглед е дека тие не ни се наклонети.
Македонија е голем аутсајдер на дуелот против Белгија во Скопје, кој ќе се одигра на шести јуни. Гостите имаат квота од 1.38 за победа, но затоа изненадувањето на Македонија има фантастична квота од 9.75.
За разлика од првиот меч, на вториот на кој ќе гостуваме во Казахстан, нашите фудбалери се во мала предност според квотите. Победата на Македонија има квота од 2.20, додека триумфот на домашните има квота од 3.25.