13.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Квотите покажаа: Шкендија е најголем аутсајдер, ќе биде чудо ако победи во Мадрид

Македонија само по вторпат ќе има свој преставник во лигашки дел од едно елитно натпреварување. По историскиот пласман на Вардар во Лигата на нациите во 2018 година, оваа сезона Шкендија се избори за место меѓу најдобрите екипи во Конференциската лига на УЕФА.

Историскиот прв меч во оваа фаза од натпреварувањето Шкендија ќе го има на гостински терен, и тоа во Шпанија, во Мадрид кај Рајо Валјекано. Шпанскиот тим од Мадрид важи за огромен фаворит за победа на овој меч, а според квотите во Sport Life, Шкендија е со најмали шанси за победа од сите екипи кои се дел од првото коло во Конференциската лига.

За победа на Шкендија се дава квота од 15.5, додека триумф на Рајо се вреднува со 1.20 коефицинет. Во слична ситуација како Шкендија се неколку екипи кои се гости, па 15 квота е Шемрок да слави кај Спарта во Прага, а Фиорентина дома да загуби од Сигма Оломуц е со квота 12.

- Оглас -

Најнови вести