Три дуели од четвртфиналната фаза во кошаркарскиот плејоф се играат денеска и сите може да ги одиграте во Sport Life обложувалниците. Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром гостува во Гевгелија кај Кожуф. Аеродромци имаат низа од 13 победи по ред против Кожуф и денеска се апсолутни фаворити за победа.
Пелистер ќе гостува кај Феникс, а факт е дека битолчани победиле пет пати во последните шест средби со овој ривал. Феникс има низа од пет порази на последните пет дуели, што само покажува дека овој тим не е во добра форма.
Еуро Никел беше единствениот тим кој во првите мечеви направи брејк и победи на гости, па сега на свој терен против ТФТ ќе се обиде да стигне до вториот триумф и место во полуфиналето.