Квотите покажуваат дека МЗТ Скопје Аеродром ќе го освои Суперкупот и тоа со лесна победа

Новата сезона во кошаркарското првенство на Македонија ќе стартува вечерва со дуелот за освојување на трофејот во Суперкупот на Македонија. МЗТ Скопје Аеродром доминираше во минатата сезона и ја освои титулата во првенството и во Купот, додека Феникс 2010 за прв пат играше во финале на Купот, па токму затоа овој тим сега е ривал на Штрковите и во овој дуел за нов трофеј.

Дуелот се игра од 19:30 часот во СРЦ „Кале“, а влезот е бесплатен.

„МЗТ Скопје Аеродром, нормално, ја прифаќа фаворитската улога. И секако ќе даде се да дојде до трофејот, кој ќе ни биде дополнителен мотив за остварување на целта во останатите натпреварувања што нѐ очекуваат. Суперкупот е специфичен натпревар, кој доаѓа непосредно пред официјалниот старт на сезоната и кој не секогаш го дава реалниот однос на силите помеѓу ривалите. Поради ова и е толку интересен, а секако и многу важен“- вели тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов.

Квотите во Sport Life покажуваат дека аеродромци се големи фаворити за трофејот и дека тоа би било победа со двоцифрена разлика.

За Феникс 2010 ова е прв дуел во Суперкупот и секако дека нема предвреме да се предаде.

„Искрено, во овој момент кога знаеме дека Андреј Митревски не е спремен, дека ќе играме без еден од најдобрите, а во тимот имаме доста нови играчи, не би знаел што можеме да очекуваме од овој натпревар, прв официјален во новата сезона. Изгледаме поинаку, ќе видиме како сето тоа ќе функционира “ – вели Дервишевиќ.

Шефот на струката на располагање ќе има дури четворица американски кошаркари кои беа ангажирани во летниот преоден рок: Деандре Томас, Џозеф Рис, Шакур Даниел и Каилекс Стивенс.

„Полека се воигруваме, сепак во тимот имаме доста нови играчи, и извесно е дека е потребно време за ‘да се најдеме’. Во тимот имаме и некои нови млади момци како Зетов, Стојковиќ, но и Димитриевски, Стојановски, плејада на таленти кои треба да го заземат местото на оние кои веќе не се со нас. Што се однесува до овој натпревар, наше е да излеземе, да играме најдобро што можеме, а резултатот ќе го видиме на крајот. Фаворитската улога му ја препуштам на МЗТ Скопје, екипа со најголем буџет во македонското првенство во сеозната која е пред нас“- додава Дервишевиќ.

- Оглас -

Најнови вести