Третото коло од Прва фудбалска лига на Македонија се игра денеска, а петте меча се со почеток во 17 часот. На четири средби улогата на фаворит ја имаат домаќините, а меѓу нив е и Воска Спорт во дуелот против Вардар.
Ова е меч на две екипи кои и минатата година водеа борба, но во Втора лига. И Вардар и Воска стартуваа со по два порази во новото првенство и сега ќе ги бараат првите бодови. Во претходните две сезони во Втора лига, овие екипи одиграа пет меча, а билансот е три победи на Вардар и две на Воска. Четири пати средбите завршувале со 2-3 погодоци. Црвено-црните во Охрид отпатуваа со нов стручен штаб, откако Бобан Грнчаров си поднесе оставка.
Тиквеш кој е лидер на табелата со максимални шест бода и ниту еден примен гол игра дома против Шкендија, а гостите се фаворити за победа. Шкупи треба да има лесна задача против Силекс, иако кратовци секогаш знаат да бидат незгоден ривал, брегалница во Штип очекува три бода во дуелот со Гостивар, а Работнички и Македонија Ѓорче Петров играат во скопското дерби.