Квотите велат дека Челзи е веќе „виден“ во финалето, но титулата ќе ја освои ПСЖ или Реал (Фото)

Актуелниот европски првак, Пари Сен Жермен, останува главен фаворит за освојување на титулата на Светското клупско првенство, по завршувањето на четвртфиналните дуели на турнирот кој се игра во САД во организација на ФИФА.

Квотите во Sport Life за освојувач на СКП, велат дека најголеми шанси му се даваат на ПСЖ, па на Реал Мадрид, Челзи е фаворит од сенка, а Флуминенсе е аутсајдер на хартија.

Инаку Реал е единствен тим на првенството кој во ниту еден момент не бил во резултатска негатива.

Може да се обложите и на тоа кој ќе игра финале. Челзи е голем фаворит против Флуминенсе, а на ПСЖ му се дава предност пред Реал, иако разликата не е голема. Иако Сините од Лондон се „видени“ во финалето, сепак јасно е дека против кого и да играат во финалето, ќе бидат аутсајдери, затоа и во квотите за првак е зад Светците и Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести