Квотите велат дека Тиквеш е блиску до пораз, но кавадарчни и во Скопје беа пред пораз, пa на крајот победија

Екипата на Тиквеш има историско лето. Тимот кој првпат го освои трофејот во Купот на Македонија, е на пат во дебитантскиот настап во Еврокуповите да го помине првото коло. Во реванш-мечот од конференциската лига на УЕФА, Тиквеш вечерва ќе гостува на Исланд против Брејдаблик.

Кавадарчани имаат предност од 3:2 стекната по првиот меч пред една недела и сега доволно е да не загубат за да одат во следната фаза.

Според квотите, исланскиот преставник е фаворит за победа, но тоа не значи дека Тиквеш нема да има сили да направи историски резултат за клубот кој постои речиси 100 години.

Тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов, е свесен за важноста на мечот и главниот совет што го има дадено на фудбалерите е дека сите треба да одиграат на највисоко ниво и како да е ова нивен последен натпревар.

На првиот меч во Скопје, Брејдаблик по првото полувреме водеше со 2:0, но Тиквеш одигра фантастично второто полувреме и со три погодоци во последните 20-тина минути стигна до пресврт и победа од 3:2.

- Оглас -

Најнови вести