Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска ќе го одигра и вториот контролен меч на подготовките во Словенија. По стартната победа од 3:0 над Бодуќност, следен ривал на Црвено-црните е Олимпија од Љубљана. Се работи за исклучителен ривал кој е актуелен шампион на Словенија.
Шкендија истотака има словенечки тест денеска. Тетовци ќе играат против Копер. Контролен меч ќе одиграат и Работнички и Силекс, втор за само неколку дена.
Вардар, Шкендија, Работнички и Силекс се четирите македонски преставници во европските купови за ова лето. Шкендија игра во квалификациите за Лига на шампиони, а останатите три екипи се дел од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.