Вардар и Шкендија се единствените два македонски преставника кои останаа во европските купови. Шкендија ќе игра против ФЦСБ во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите и е во улога на неносител. Во иста ситуација е и Вардар, кој ќе игра во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, а противник е Лозана од Швајцарија.
Во Sport Life веќе се познати квотите за првите мечеви на сите дуели од квалификациите во европските купови. Шкендија утревечер ќе биде домаќин на романскиот тим ФЦСБ, а според коефициентите, гостите се фаворити. За победа на романскиот тим квотата е 2.01, додека за триумф на Шкендија е 3.85.
Спред квотите, Вардар изгледа како голем аутсајдер против Лозана, иако Црвено-црните играат дома. За „кец“, односно победа на Вардар квотата е дури 5.70, додека триумф на Лозана се вреднува со 1.53.
Ако верувате во победа на двата македонски клуба, и тоа на свој терен, се добива вкупен коефициент од 21.94. Тоа значи дека само со 50 вложени денари, можната добивка е над 1.000 денари.