Шкендија после Карабах, секако ќе игра двомеч против тим во зелено-бели дресови, а тоа ќе биде Лудогорец или Ференцварош.
Бугарскиот и унгарскиот првак вечерва во Разград го играат првиот меч, реваншот е во Будимпешта, по што ќе се знае против кого ќе игра Шкендија и во кое натпреварување.
Победниците продолжуваат во плејофот за Лигата на шампионите, а поразените ќе разигруваат за влез во Лига Европа. Шкендија синоќа загуби дома од Карабах, па во моментов пореална опција е да се бори за влез во ЛЕ против тој што ќе биде елиминиран од дуелите на Лудогорец и Ференцварош.
Квотите во Sport Life за вечерашниот меч се изедначени за победа на едниот и другиот тим, но квотите за играта „Кој оди понатаму“, јасно го фаворизираат унгарскиот шампион.